29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши: Четвртиот сет на економски мерки ќе бидат потаргетирани

Бектеши: Четвртиот сет на економски мерки ќе бидат потаргетирани

Убеден сум дека до крајот на неделава ќе биде објавен четвртиот сет на економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19 кои ќе бидат потаргетирани за најпогодените од ковид кризата, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Веќе сите институции ги доставиле нивните предлози и проекции за четвртиот сет на економски мерки. Заедно со претседателот на Владата кој раководи со економскиот тим веќе сме ги разгледале речиси сите предлози од страна на стопанските комори. Поддршка за компаниите и за граѓани секако ќе има, но не би сакал да навлегувам во детали. Верувам дека до крајот на неделата и претседателот на Владата заедно со економскиот тим ќе излезе и ќе ги претстави сите мерки кои ќе почне да се реализираат веднаш откако ќе бидат усвоени на Влада, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Прашан дали ќе има нови услови за аплицирање за државна помош, рече дека мерките ќе бидат потаргетирани.

-Имајќи во предвид дека сега сме поискусни што се однесува до пандемијата, секако дека ќе има и дополнителни мерки за поддршка. Ќе бидат малку потаргетирани за тие што биле и најпогодени, но во детали не би сакал да навлегувам. Во моментот кога ќе се утврдат сите мерки заеднички со стопанските комори, вклучувајќи ги тука секако и синдикатитен, ќе ги објавиме. Јас сум убеден дека тоа ќе биде до крајот на оваа недела, рече Бектеши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП