18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на европските берзи, економското закрепнување губи интезитет

Пад на европските берзи, економското закрепнување губи интезитет

На европските берзи утрово цената на акциите забележаа значителен пад поради ширењето на коронавирусот на континентот.

Тоа ги зголемува стравувањата дека економското закрепнување ќе биде побавно отколку што се очекуваше, пренесува Индекс.

Водечкиот индекс „STOXX 600“ на европски акции во 9:30 беше во минус од 1 проценти, намалувајќи се трет ден по ред.

Во исто време, лондонскиот „FTSE“ се намали за 1,70 проценти, на 5.905 бодови, додека франкфуртскиот „DAX“ забележа пад од 1,50 посто, на 12.920 бодови, а парискиот „CAC“ за 1,25 отсто, нa 4.916 бодови.

Падот на берзите е последица на индикациите дека заздравувањето на најголемите светски економии губи интензитет, додека ширењето на коронавирусот во многу делови на светот не се забавува.

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 30 милиони, додека бројот на починати се доближува до границата од еден милион.

Некои европски земји забележаа рекорден број на нови заболени во последните денови, поради што Данска и Грција повторно воведоа ограничувачки мерки за спречување на ширењето на вирусот. Велика Британија дури размислува за нова блокада.

Поради вториот бран на коронавирусот, надежите за брзо закрепнување на светската економија од коронската криза „паднаа во вода“.

Азиските берзи паднаа на почетокот на неделата, следи пад на Волстрит

На поголемите азиски берзи цената на акциите денеска забележаа пад, следејќи го падот на Волстрит од петокот, а инвеститорите се внимателни затоа што се чини дека заздравувањето на светските економии губи интезитет.

„MSCI“ индексот на азиско-пацифичкие акции, без јапонските, околу 7 часот беше во минус од 0,3 посто, губејќи дел од минатонеделната добивка.

Притоа цената на акциите во Јужна Кореја, Шангај, Австралија и Хонг Конг паднаа меѓу 0,2 и 0,9 проценти. Во Сингапур, пак, пораснаа за 0,4 посто, додека во Јапонија не работеа поради празник.

Азиските берзи го следат падот на Волстрит во петокот, кога „Daw Jons“ изгуби 0,9 посто, а „S&P 500“ падна за 1,1 проценти, исто колку и индексот „Nasdaq“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП