27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрамп го одобри договорот на TikTok со Oracle и Walmart

Трамп го одобри договорот на TikTok со Oracle и Walmart

Претседателот на САД, Доналд Трамп го одобри договорот кој ќе овозможи апликацијата TikTok да продолжи да се користи во оваа земја, благодарение на новата компанија „TikTok Global“, со која би управувале Американците, поточно соработка на кинеската апликација со Oracle и Walmart.

Тој рече дека овој договор гарантира „100% сигурност“, откако американските власти изразија страв во врска со пристапот до корисничките податоци од страна на кинеските власти.

Трамп рече дека „TikTok Global“ ќе биде целосно контролиран од Oracle и Walmart и дека седиштето ќе биде во Тексас.

Компанијата, наводно, се согласила да донира 4,2 милијарди евра на американскиот фонд за образование.

Набргу по коментарите на Трамп, Oracle објави дека е избран за да обезбеди облак услуги на TikTok и ќе стане малцински инвеститор со удел од 12,5%. TikTok ја потврди улогата на Oracle и рече дека работи со Walmart на комерцијално партнерство.

Walmart рече дека привремено се согласил да купи 7,5% од акциите, а извршниот директор Даг Мекмилон ќе биде еден од петте членови на одборот на новоформираната компанија.

„Покрај тоа, ние ќе работиме на првичната јавна понуда на компанијата во САД во текот на следната година за да донесеме уште поголема сопственост на американските граѓани“, рече портпаролот на „Walmart“.

Кинеската матична компанија „TikTok“, „ByteDance“, ќе ги поседува преостанатите 80% од „TikTok“, според лице запознато со ова прашање. Сепак, бидејќи 40% од ByteDance е во сопственост на американски компании со ризичен капитал, администрацијата на Трамп може технички да тврди дека TikTok Global сега е во мнозинска сопственост на американски пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП