20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД прави по милион тестови за коронавирус на ден

САД прави по милион тестови за коронавирус на ден

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат шест до десет милиони тестови на ден за да ја контролираат епидемијата.

Во САД, вчера се направени 1.061.411 тестови, според податоците на Проектот за следење на Ковид, волонтерска иницијатива за следење на ширењето на вирусот.

САД до 13 септември неделно тестирале просечно по околу 650.000 луѓе, а кон крајот на јули се правеле повеќе од 800.000 тестови дневно.

Од самиот почеток на пандемијата, недоволниот број на достапни тестови ги поткопа напорите за спречување на ширењето на вирусот. Во еден момент ова лето, жителите на Хјустон чекаа со часови во автомобили за тестирање, а некои дури и спиеја преку ноќ во возила. Слична ситуација имаше и во Мајами.

По тестирањето, луѓето мораа да чекаат до две недели за да откријат дали се заразени.

Од коронавирус починале околу 200.000 Американци, а заразени се повеќе од 6,7 милиони.

Во март, претседателот Доналд Трамп рече дека „секој што сака да биде тестиран ќе биде тестиран“, но таа цел сè уште не е постигната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП