24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД во проблеми: Дефицитот на највисоко ниво во последните 12 години

САД во проблеми: Дефицитот на највисоко ниво во последните 12 години

Дефицитот на тековната сметка на САД во вториот квартал од 2020-та година се искачи на највисоко ниво во последните речиси 12 години.

Причината е што пандемијата на Ковид-19 влијаеше на нагло опаѓање на извозот на стоки и услуги, што ги неутрализира ефектите од намалените сметки за увоз.

Министерството за трговија на САД објави дека дефицитот на тековната сметка скокнал за 52,9 проценти на 170,5 милијарди долари во последниот квартал, пренесува „Reuters“.

Ова е најголемиот дефицит на тековната сметка од третиот квартал во 2008-ма година, кога економијата минуваше низ голема рецесија.

Беа ревидирани и податоците за првиот квартал, кои сега покажуваат дефицит од 111,5 милијарди долари, наместо 104,2 милијарди долари како што беше претходно најавено.

Јазот на тековната сметка во април-јуни изнесува 3,5 проценти од бруто домашниот производ на САД, најголем удел од четвртиот квартал на 2008-ма година. Одделот за економска анализа на Министерството за трговија, кој ги обработува податоците, вели дека падот на трансакциите „делумно се должи на влијанието ковид-19, бидејќи многу компании работеа со ограничен капацитет или целосно престанаа да работат и затоа што прекуграничниот сообраќај на патници беше ограничен“.

Во вториот квартал, извозот на стоки и услуги во САД падна на 444,7 милијарди долари од 605,6 милијарди долари во периодот јануари-март.

Во исто време, увозот на стоки и услуги падна на 609,6 милијарди долари од 732 милијарди долари во првиот квартал, се вели во информацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП