Оваа диета може да ви помогне да изгубите 5 – 6 килограми за 10 дена. Сепак, бидејќи е во прашање рестриктивна диета, таа не би требало да се држи подолго од 14 дена.
Киселото млеко е исклучително корисна намирница која ја нормализира активноста на гастроинтестиналниот тракт, го подобрува имунитетот, го помага „собирањето“ и исфрлањето на токсините од организмот и го поттикнува метаболизмот. Киселото млеко ги содржи сите потребни нутритиви: масти, јаглени хидрати и протеини и затоа спаѓа во групата на комплетни намирници.
Диета со кисело млеко – што се препорачува
– Природно кисело млеко – 500 гр дневно
– Овошје – до 300 гр. дневно (но овде не спаѓа грозје, диња и лубеница поради големата количина шеќер што ја содржат).
– Месо – до 100 гр. дневно ( риба, пилешко и мисиркино – со отстранета кожа и маснотии).
– Зеленчук (плодови) – до 300 гр дневно (домати, ротквици, краставици, пиперки…)
– Зеленчук – до 300 гр дневно (зелена салата, зелка, кељ, рукола)
Едноставно дневно мени
Воведна напомена: Количината на кисело млеко која ќе ја користите во одделни рецепти зависи од вашите желби и вкусови. Важно е да се изеде 500 гр кисело млеко дневно, а како тоа ќе биде распоредено по оброци тоа е ваш избор.
Појадок
– Желе од кисело млеко и малини
– Шоља зелен чај или шоља чист сок од портокал
Ручек
– Топол билен чај
– Ладна супа направена од кисело млеко и краставици исецкани на ситни парчиња
– 100 гр варено месо
– Салата од краставици, домати и зачински билки
– Кисело млеко по желба
– Чаша топла лимонада (без шеќер)
Попладневна ужина
– Домати со кисело млеко. Во киселото млеко додадете малку сенф, малку сол и во блендер кратко измешајте го сето тоа.
Вечера
– Шоља топол билен чај
– Боранија на пареа со кисело млеко
– Чаша топла лимонада (без шеќер)
Како што гледате изборот на намирници е прилично широк, така да нема да ви биде тешко десетина дена да избегнувате производи од житарки како и слатки. Секако не ја заборавајте физичката активност и секој ден одвоете 30 минути ако за ништо друго, барем за брза прошетка.