24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдлучено: Трамп ги забрани „ТикТок“ и „ВеЧат“ на територијата на САД

Одлучено: Трамп ги забрани „ТикТок“ и „ВеЧат“ на територијата на САД

Американскиот претседател, Доналд Трамп, одлучи да преземе радикален потег против кинеските апликации.

Министерството за трговија на САД објави дека од недела ќе ги забрани бизнис-трансакциите помеѓу САД и апликациите „ТикТок“ и „ВеЧат“.

Ова значи дека, почнувајќи од задутре, ќе биде невозможно да се преземат тие апликации на територијата на САД.

Наскоро ќе се открие дали американскиот „Оракл“ ќе преземе дел од бизнисот на „ТикТок“ во таа земја и не е јасно дали оваа објава на американското Министерство за трговија значи дека Трамп нема да објави што се случува на релацијата Оракл-ТикТок до недела.

„Под упатства на претседателот, презедовме значителни чекори за борба против кинеската злоупотреба на податоците на американските граѓани“, рече државниот секретар Вилбур Рос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП