19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвростат: Кина стана главен трговски партнер на ЕУ

Евростат: Кина стана главен трговски партнер на ЕУ

Кина стана главен трговски партнер на ЕУ во првите седум месеци од 2020 година, со што ги замени САД, кои претходно беа главен партнер на европските земји, соопшти Евростат.

Европскиот увоз од Кина се зголемил за 4,9 проценти во периодот од јануари до јули во споредба со истиот период минатата година, додека увозот од САД паднал за 11,7 проценти во истиот период.

Извозот од земјите членки на ЕУ во Кина бележи благ пад од 1,8 проценти, додека извозот во САД опаднал за 9,9 проценти, покажуваат податоците на Евростат.

По Кина и САД, водечки економски партнери на ЕУ во првите седум месеци од оваа година биле Велика Британија, Швајцарија и Русија.

Во текот на првите седум месеци од 2020 година, имаше пад на трговската активност поради пандемијата од Ковид-19.

Падот на меѓународната трговија за земјите од ЕУ започна во јануари, а закрепнувањето започна во мај кога полека започнаа да се укинуваат мерките за затворање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП