27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАООН ги повика милионерите да донираат пари за гладните

ООН ги повика милионерите да донираат пари за гладните

Директорот на Светската програма за храна Дејвид Бисли ги повика најбогатите луѓе да донираат пари за да спасат околу 30 милиони луѓе кои можат да умрат од глад.

Околу 270 милиони луѓе се на работ на гладот и Светската програма за храна се надева дека ќе може да обезбеди помош на 138 милиони луѓе оваа година, изјави Бисли пред Советот за безбедност на ООН.

Потребни се околу 4,1 милијарда евра годишно за да се нахранат 30 милиони луѓе кои ќе умрат без помош на Светската програма за храна, рече Бисли.

Тој истакна дека во светот има околу 2.000 милијардери, чие богатство се проценува на околу 6,8 билијарди евра и дека некои од нив заработиле милијарди за време на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Бисли рече дека не се противи на луѓето да создаваат и да го зголемуваат своето богатство, но посочи дека човештвото се соочува со најголемата криза што нeкој од нас ја видел досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП