24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБалканот се подготвува за медитеранскиот ураган познат како „медиган“

Балканот се подготвува за медитеранскиот ураган познат како „медиган“

Грција започна се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен, медитеранскиот ураган познат како „медиган“.

Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето најпрво да ги зафати западните јонски острови, а потоа и полуостровот Пелопонез, а во опасност е и Атина.

Грчките власти предупредија дека бурата „Јанос“ ќе биде придружена со силен ветер и дожд што може да доведе до поплави и прекин на електричната енергија во следните два дена.

Министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас во четвртокот ги советуваше жителите на областите поплавени во минатото или кои живеат во близина на реките да најдат алтернативно сместување, а останатите да го ограничат патувањето.

„Влијанието на ‘Јанос’, мора да бидеме јасни, ќе биде слично на другите бури, но посилно по интензитет, опсег и времетраење“, рече тој.

Ваквите циклони првпат се појавија во Грција во 1995 година, но се почести последните години, рече Хардалиас.

Слична бура последен пат ја погоди Грција во 2018 година, 25 лица загинаа во поплавите една година порано, а стотици останаа без покрив над главата.

Таквите бури се познати како „медиган“, што е комбинација на зборовите „Медитеран“ и „ураган“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП