Дали најчесто ви се случува да се загрижете дали ќе стигнете навреме да ги завршите сите работни обврски во текот на денот? Ви недостасува време, се мислите како да се организирате за да на крајот на денот успешно ги завршите сите задачи. По направента анализа на најпродуктивни менаџери и вработени се откриле следниве нивни клучни карактеристики:
Тие имаат живот. Наспроти мислењето дека се манијакално фокусирани, со прекумерено работење до доцните часови, вистинските креативни иноватори и решавачи на проблеми имаат богат социјален живот надвор од работното место. Најчесто тие работат уште една дополнителна хоби работа. Пример, некои од успешните директори можат да се сретнат после работно време како тренери на неформална група на ракометари или да се занимаваат со друг спорт, баш тоа им дава можност да си ги развиваат своите лидерски способности и го тренираат својот мозок да размислува на поразлични начини.
Најчесто работат во неколку различни индустрии. На тој начин ги согледуваат можностите за различните системи и пристапи при работењето и лесно можат да направат реконструкција на одреден проблем и побрзо да го решат.
Тие имаат добри соработници од надвор. Некои од овие соработници се формални а некои не, значи не се само тоа нивните колеги и клиенти. Тие имаат развиено широка мрежа на луѓе преку која добиваат информации, широк начин на размислување и сетоа тоа им носи “светлина” во нивниот бизнис.
Овие продуктивни луѓе најчесто имаат време за: наука, уметност, театар, музика, литература и сл. Значи целта е да се има целосен живот.