25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка: Целосното закрепнување на економијата од пандемијата ќе трае пет години

Светска банка: Целосното закрепнување на економијата од пандемијата ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата од Ковид-19 може да трае и пет години, изјави денеска главната економистка на Светската банка, Кармен Рејнхарт.

„Веројатно ќе дојде до брзо закрепнување, со оглед дека сите рестриктивни мерки поврзани со блокадите се укинати, но целото закрепнување ќе трае дури пет години“, вели Рејнхарт на конференцијата одржана во Мадрид.

Таа истакна дека рецесијата предизвикна од пандемијата ќе трае подолго во некои земји, за разлика од други и дека ќе се влоши нееднаквоста, така што најсиромашните земји би биле потешко погодени од кризата, отколку оние богатите.

Прв пат по 20 години, глобалната стапка на сиромаштија ќе порасне по кризата, додаде Рејнхарт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП