25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку ќе чини новата „Mercedes S Сlasѕ“?

Колку ќе чини новата „Mercedes S Сlasѕ“?

„Mercedes“ на почетокот на септември ја претстави новата генерација на „S Сlasѕ“, a сега се познати и цените на овој автомобил на германскиот пазар.

Оние кои можат да си дозволат да поседуваат еден ваков автомобил ќе мора да одвојат најмалку 93.438 eвра, колку што чини основниот модел „S350d“ со 2.9-литарски дизел.

Оваа верзија располага со 286 KS (210 kW) и 600 Nm, a од 0 до 100 km/h забрзува за 6,4 секунди.

Доколку купувачот се одлучи за верзијата со продолжено меѓуосовинско растојание, ќе мора да плати 96.094 eвра.

„Mercedes S350d 4Matic“ со погона на сите четири тркала во Германија ќе чини 97.150 eвра, a помоќниот „S400d 4Matic“ ќе ја надмине сумата од 100.000 евра (103.994 евра).

„Mercedes S400d 4Matic“ под хаубата крие мотор од 330 „коња“ (243 kW) и 700 Nm, a од место до „стотка“ стигнува за 5,4 секунди.

Следиот во понудата, бензинецот „S450 4Matic“ се продава само во верзија со продолжено меѓуосовинско растојание и има почетна цена од 106.650 eвра.

За погонот е задолжен 3.0-литарски бензинец со 367 KS (270 kW) и 500 Nm, a од 0 до 100 km/h забрзува за 5,1 секунди.

Во врвот на понудата е „S500 4Matic“, исто така со трилитарски бензинец кој во ова возило произведува 435 KS (320 kW) и развива 520 Nm.

Возилото забрзува од место до 100 km/h зa само 4,9 секунди. Тие кои ќе се одлучат за оваа луксузна лимузина ќе мора да платат најмалку 115.130 eвра, a доколку сакаат продолжена верзија, тоа ќе ги чини 117.786 eвра.

Новиот „Mercedes S Сlasѕ“ во европските продажни салони ќе пристигне во декември 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП