29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали ги знаете правилата на однесување во светот на бизнисот?

Дали ги знаете правилата на однесување во светот на бизнисот?

Лошите манири на деловните луѓе можат да остават лош впечаток кај соработниците, колегите и партнерите, а со нив може да се загрози и работата.

Причината за тоа најчесто не е незнаење, туку преоптеретеноста со обемот на работата и со приватните обврски. Затоа бонтонот денес е повеќе од потребен во бизнис светот. Често се наоѓаме себеси на различни работни места каде што е потребна концентрација по дури и не забележуваме кога некој ќе не поздрави или ќе не праша нешто. Затоа, ајде да се потсетиме на правилата на бонтонот. Бонтонот е составен од збир на општо прифатени правила на однесување кои се темелат на општествените норми. Тие служат како насоки кои ни помагаат да го задржиме професионалниот однос, што во светот на бизнисот е повеќе од потребно.

Точност

Во бизнис светот основно правило е да не доцните. Ако имате договорен состанок, не си дозволувајте да одите премногу доцна или да не се сетите на сообраќајниот метеж. Подобро е да дојдете 10 минути порано, па да почекате, отколку да задоцните. Впрочем, што би мислеле вие за партнерот кој не доаѓа на време на договорените состаноци?

Поздрав

Без разлика колку долго ги познавате вашите колеги или штотуку се запознавате со нови луѓе од вашето работно опкружување „Добро утро“ и „Добар ден“ нема ништо да ве чинат. Не е потребно секое утро да се ракувате со вашите колеги и да се повторувате како папагал, но поздравот не треба да го заборавите.

Ракување

Дали некогаш сте биле во ситуација каде што сте се ракувале со некој од бизнис светот и не сте биле сигурни дали тој ви пружил рака или преварена шпагета? Се разбира, не треба да ја покажувате целата ваша сила и на колегата да му ја скршите раката, но барем подадете ја раката и понудете пристоен стисок за личноста на другата страна да не си помисли дека сте незаинтересирани.

Изразување и тон

Во деловното опкружување, избегнувајте вулгарности, пцости, вицови и озборувања. Не дозволувајте јазикот да работи побрзо од мозокот. Покрај тоа, кога сте на работа, не бидете бучни. Ако своето работно место мора да го докажувате со викање наместо со умерен разговор да го решите проблемот, можеби е вистинско време да се размислите за темите кои сериозно ве загрижуваат и да ги расчистите работите сами со себе. Никој не е роден за да знае се.

Облека

Во некои професии, постои одредена работна облека во која сите вработени се облечени. Но, повеќето канцеларии имаат само отприлика одреден начин на облекување, како што се оделата и вратоврските или пак станува збор за работна атмосфера во која можете да бидете во фармерки но не и во тренерки. Она што секој треба да го има на ум е личната хигиена, должината на облеката и нејзината проѕирност. Да се дојде на состанок во проѕирна кошула, не е совршена идеја бидејќи сите ќе ве запаметат само по голото тело, а никој нема да се сети за што сте разговарале.

Телефон и мобилен телефон

Ако веќе имате состанок, не дозволувајте да ви пречат позивите. Проверете ги вашите приоритети и организирајте се на тој начин за да не мора во исто време да размислувате на две теми. Да разговарате на телефон, пред личност која седи до вас и чека да се вратите на темата поради која е закажан состанокот е многу непрофесионално.

Користење на интернет

Технологијата денес ни овозможува голем број на лесни и брзи начини на комуникација, од класичното испраќање на електронска пошта, посетата на друштвените мрежи, па се до видео разговор преку интернет. Не заборавајте да бидете максимално професионални, без разлика за кој вид на комуникација се работи. Не пишувајте електронска пошта со големи букви и не носите пижами при бизнис видео разговорот, кој го водите од вашиот дом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП