
Соединетите Американски Држави би можеле да станат следна Шпанија или Грција во смисла на финансискиот колапс, смета милијардерот Доналд Трамп.


Соединетите Американски Држави би можеле да станат следна Шпанија или Грција во смисла на финансискиот колапс, смета милијардерот Доналд Трамп.
Според неговото мислење, Америка повеќе не е богата држава.
„Кога не си богат мораш да позајмуваш пари. Ние позајмуваме пари од Кинезите и од други. Имаме 16 трилиони долари долг“, рече Трамп во гостувањето на телевизијата Фокс.
Трамп додаде дека долгот од 16 трилиони долари наскоро ќе се зголеми и ќе дојде до пад на рејтингот.
„Кога ќе имате долг од 21-22 трилиони долари доаѓа до колапс, без оглед колку ги кратите трошоците“, објасни Трамп.
Милијардерот рече дека на Америка не и оди добро и дека можеби рецесијата е „благ збор“ за тоа што се случува, мислејќи на состојбата во која се наоѓа земјата.
Невработеноста која е помеѓу 15 и 16 проценти, падот на кредитните способности и зголемувањето на долгот создаваат мрачна слика за Америка.