3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBank Austria очекува прилив на капитал од UniCredit

Bank Austria очекува прилив на капитал од UniCredit

Bank Austria praesentiert Halbjahresergebnis

„Bank Austria“ очекува од својот сопственик „UniCredit“ да добие инекција за проширување на бизнисот во средна и источна Европа во износ помал од две милијарди евра, рече извршниот директор на банката за австриските новинари.

„Bank Austria“ очекувала дека новата инекција ќе стигне во првата половина од годината, при што нејзиниот директор Вилбалд Цернко, во разговор за автрискиот деловен магазин „WirtschaftsBlatt“, ги отфрли оценките околу можните проблеми.

„Нас не ни се брза, бидејќи не мораме да ја враќаме државната помош и веќе повеќе од доволно ги задоволуваме сите барања за висината на капиталот“, рече Цернко за виенскиот деловен магазин објавен во четвртокот.

На прашањето од новинарите колкава ќе биде инекцијата во споредба со двете милијарди евра кои ги примија во 2009 година, Цернко одговорил: „Ќе биде помала од тогаш“.

„UniCredit“ објави дека е подготвена да даде нова финансиска инекција и со тоа да и помогне на „Bank Austria“ во ширењето на бизнисот во регионот на „новата“ Европа, пренесува „Seebiz“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП