2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар има идеја: Казинa против криза

Кипар има идеја: Казинa против криза

kazina1

Кипарските власти најавија отворање на казина во островската земја која е погодена од кризата, за што поразновидна туристичка понуда, како и привлекување на странски инвестиции.

„На економијата тоа и е потрбно“, се наведува во соопштението на владата на презадолжениот Кипар, кој едвај го избегна банкротот во март.

Како што потсетува швајцарскиот весник „24 часа“, дозволата за работа на казина било едно од предизборните ветувања во кампањата на десничарите кои победија на изборите во февруари оваа година.

Од април, актуелниот кипарски претседател Никос Анастасијадис се залага за таа идеја со цел економски да ја оживее својата земја.

Никозија преговараше со своите партнери од еврозоната околу хитната помош од 10 милијарди евра со цел да ги спаси слабите кипарски банки.

Работата на казината е дозволена во северниот дел на островот, каде самопрогласената „Турска република на северен Кипар“ меѓународната заедница не ја признава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП