26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: Светската економија ќе се намали за 4,5% во 2020-та година

ОЕЦД: Светската економија ќе се намали за 4,5% во 2020-та година

Светската економија се претстави подобро од очекуваното, но сè уште е на работ на „невидена“ контракција, предупреди денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во својата последна економска прогноза, организацијата предвидува дека светската економија годинава ќе се намали за 4,5%. За споредба, во претходната јунска прогноза, „ОЕЦД“ очекуваше пад на БДП за 6%.

„Падот на светскиот БДП во 2020-та година е помал отколку што се очекуваше, но сепак останува невиден во последно време“, се вели во извештајот на „ОЕЦД“.

Организацијата очекува глобалната економија да порасне за 5% во 2021-ва година. Сепак, изгледите остануваат „крајно неизвесни“ заради пандемијата на коронавирусот.

Сериозно погодените сектори, како што се транспортот и туризмот, сè уште не се опоравиле целосно од строгите мерки за блокада наметнати на почетокот на годината. Многу земји се борат со ново зголемување на бројот на случаи со коронавирус. Како резултат, властите можат да воведат нови ограничувања во следните недели со цел да ги спречат евентуалните нови бранови, што би извршило дополнителен притисок врз светската економија.

„Економската активност забрзано следеше по олеснувањето на ограничувачките мерки и првичното повторно отворање на разни деловни активности, но темпото на глобално закрепнување изгуби интензитет во летните месеци“, рече „ОЕЦД“.

Кина, САД и еврозоната се очекува да имаат подобри резултати од претходната прогноза од јуни. За споредба, очекувањата за економски раст во Индија, Мексико и Јужна Африка се влошија.

Кинескиот БДП се очекува да порасне за 1,8% во 2020-та година, што ја прави единствена земја во прогнозата на „ОЕЦД“ чија економија ќе расте годинава.

Во меѓувреме, прогнозата за економијата на САД е да се намали за 3,8%, додека падот во еврозоната ќе биде 7,9%.

Изгледите се дури и помрачни за Индија, Аргентина, Велика Британија, Јужна Африка и Мексико, каде се очекува економскиот пад да биде повеќе од 10%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП