19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lufthansa“ подготвува поголеми намалувања на вработените и авионите

„Lufthansa“ подготвува поголеми намалувања на вработените и авионите

Германската авиокомпанија „Lufthansa“ се подготвува за подрастични отпуштања на вработените ширум светот и на намалување на својата флота авиони од претходните планови, бидејќи испаруваат надежите за враќање на воздушниот сообраќај, пренесува „Bloomberg“.

Неодамна донесените правила што ги принудуваат патниците да се изолираат имаа катастрофални последици по резервациите, им рече извршниот директор на компанијата Карстен Спор на вработените на состанокот во вторникот, изјавија очевидци. За октомври, резервираните места изнесуваа помалку од 10% од нивоата една година порано, според информирани извори, кои сакале да останат анонимни, бидејќи изјавите не биле јавни.

Зголемените случаи на вирус во Европа ја принудија најголемата авиокомпанија на Стариот континент да се откаже од планот за закрепнување и да ги залади своите амбиции за да се справи со влошените изгледи. „Lufthansa“, која на почетокот на јуни доби 9 милијарди евра (10,7 милијарди долари) помош за спасување, сега очекува заздравување на воздушниот сообраќај дури во средината на деценијата. Не е јасно кога и дали приходите ќе се вратат на нивниот рекорд од 2019-та година, со оглед на падот на службените патувања, што и нанесе силен удар на „Lufthansa“, изјавил извршниот директор.

Спор во вторникот рекол дека работи на мерки што ги надминуваат постојните планови за намалување на флотата на „Lufthansa“ за околу 100 авиони и намалување на 22.000 позиции со полно работно време. Тој додал дека претходната програма нема да биде доволна, велат извори.

„Lufthansa“ планираше постепено да го зголемува капацитетот на околу половина од нормалното ниво до декември, со прогнозата вклучена во презентациите пред инвеститорите во минатата недела, сега извршниот директор рече дека тој веројатно ќе биде задоволен ако „Lufthansa“ може да понуди 25% од местата во споредба со една година порано. Во моментов, сообраќајот е под 20% од минатогодишните нивоа, велат изворите.

„Lufthansa“ избегна банкрот само со пакетот помош за спасување од државата, што ја направи Германија најголем акционер со учество од 20%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП