19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКога Русија очекува економијата да се врати на нивото пред кризата?

Кога Русија очекува економијата да се врати на нивото пред кризата?

Рускиот премиер Михаил Мишустин денес изјави дека економското закрепнување на земјата се очекува следната година по пандемијата на коронарaвирусoт, зголемувањето на вработеноста и приходот на граѓаните.

„Важно е дека ќе можеме да ги зголемиме приходите и вработувањето на граѓаните веќе следната година“, рече Мишутсин по владината седница на која се разговараше за социо-економската состојба во земјата.

Според ТАСС, тој рече дека ова значи зголемување на побарувачката, што е „исклучително важен фактор и за луѓето и за економијата како целина“.

Министерот за економија Максим Решетников процени дека растот на БДП-то ќе изнесува 3,3 проценти во следната година.

Тој рече дека руската економија ќе го достигне нивото од пред кризата во третиот квартал на 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП