28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД се соочуваат со недостиг на мајмуни за тест на вакцината против...

САД се соочуваат со недостиг на мајмуни за тест на вакцината против коронавирус

Глобалната трка за вакцина против коронавирус, која треба да помогне да се стави крај на пандемијата, предизвика недостиг на мајмуни во САД.

Според американските медиуми, пред да се тестираат потенцијалните вакцини врз луѓе, претклиничко истражување ја испитува безбедноста и ефективноста на вакцините кај мајмуните. Но, со повеќе од 100 можни вакцини кои моментално се во игра, побарувачката за мајмуни ја надмина понудата.

„Имаме недостиг“, изјави за „УСА Тудеј“, д-р Скип Бом, помошник директор задолжен за ветеринарна медицина во Националниот центар за истражување на примати во Њу Орлеанс.

„УСА Тудеј“ наведува дека, како и во многу други аспекти на општеството, пандемијата го изнесе веќе постоечкиот проблем во преден план. Центрите за истражување на приматите со години се во проблеми поради ограничувањата на увозот на мајмуни од земји како Кина и Индија, но и недостатокот на средства за одгледување мајмуни во САД.

Иако групите за заштита на правата на животните се спротивставуваат на употребата на примати во научни експерименти, истражувачите велат дека ваквите практики се клучни за развојот на медицината.

Центарот во Њу Орлеанс на својата веб-страница наведува дека се обидуваат да користат најмал можен број на животни потребни за валидни научни резултати. Од таму велат дека, за жал, во моментов не е можно целосно да се замени употребата на животни со компјутерски модели.

„Реакциите на имунолошкиот систем на мајмунот се многу слични на она што го гледаме кај луѓето и затоа овие експерименти можат да ни дадат многу добри показатели за безбедноста и ефикасноста на вакцината“, изјави Џеј Рапапорт, директор на Центарот, зза „УСА Тудеј“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП