2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемена продажбата на швајцарски часовници

Зголемена продажбата на швајцарски часовници

saatet

Извозот на швајцарските часовници во првите шест месеци од годината порасна за 0.8 проценти достигнувајќи до 10.2 милијарди швајцарски франци.

Во јуни приходите на швајцарските компании за производство на часовници од продажбата во странство достигнаа нов рекорд од 1.9 милијарди франци што е раст од 3.1 проценти  во однос на годишното ниво.

Во првите шест месеци од оваа година извезени се 13 милиони рачни часовници кои се произведени во Швајцарија, што е за 7.4 проценти помалку од истиот период од 2012-та година.

Минатиот месец се извезени 2.3 милиони часовници, што е на годишно ниво раст од 7.9 проценти. Извозот на златни часовници во јуни опадна за 12 проценти, додека останатите видови забележаа раст. Во јуни дојде до подобрување во продажбата и на кинескиот пазар со раст од 10.6 проценти.

Во Европа во првите шест месеци е забележан пад за првпат по две години и тоа од 0.8 проценти, додека во САД продажбата е зголемена за 1.1 процент.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП