
Здружение на граѓани Еко Логик информира дека традиционално и овој Септември активно ја одбележува Европската недела на мобилност која се одржува во периодот од 16-22.09.2020.


Здружение на граѓани Еко Логик информира дека традиционално и овој Септември активно ја одбележува Европската недела на мобилност која се одржува во периодот од 16-22.09.2020.
Почнувајќи од 2002 година преку Европската недела на мобилност се врти вниманието на јавноста во обидот на подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање на одржлив урбан транспорт. Кампањата нуди можност на сите засегнати страни да се вклучат со практични решенија за справување со урбаните предизвици. Темата за оваа година е: Zero-emission mobility for all/Мобилност со 0 емисии за сите.
На овој начин сите засегнати страни се охрабруваат да ја користат неделата за да тестираат нови мерки за транспорт и да добијат повратни информации од јавноста. Исто така е одлична можност да се разговара за различните аспекти на подвижноста и квалитетот на воздухот, да се најдат иновативни решенија за намалување на употребата на автомобили и емисиите на транспорт, како и да се тестираат новите технологии и мерките за планирање.
Во рамките на тој период веќе препознатливиот настан Вело Родео како дел од програмата „Вело Училишта“ ќе се одржи во повеќе градови низ државата:
Вело Родео настанот е од отворен карактер и право на учество имаат сите ученици од основните училишта од 4то до 9то одделение кои имаат желба да возат велосипед како и активно и едукативно да се забавуваат преку нашите едукативни игри кои ги имаме подготвено како: Еко Не лути се човече (во реална големина), Вело Меморија (мега верзија, карти и онлјан апликација), Еко квиз, Вело Маало,Твистер и многу други. Вело Родео настанот се основа на тоа преку игра, забава и едукација, учениците да ја пренесат пораката за придобивките од возење велосипед како баланс, безбедност, сигнализација, контрола, тргнување, забрзување и запирање.
Оваа година Вело Родео настанот е поделен во два дела:
Денес, исто така ќе биде споделен предизвик преку онлајн апликацијата Страва за најмногу поминати километри со велосипед. На предизвикот право на учество ќе имаат сите заинтересирани ученици од 6то до 9то одделение. Истовремено, во текот на неделата ќе биде отворен конкурс за литературно и ликовно творење на теми поврзани со климатските промени и размислувањата на најмладите за создавање на вело градови, вело маала.
-Во текот на целата недела на одбележување, во сите градови кои ќе ги посетиме, ќе биде поставена и изложба на пристигнатите (физички цртежи) кои беа дел од минатогодишниот објавен ликовен по повод неделата на мобилност 2019, велат од здружението.
За потсетување на следниот линк се видеата од минатогодишното одбележување на Европска недела на мобилност.
https://www.youtube.com/watch?v=ge9klnnzBnA&list=PLw1z-nikQoHs9bZaeicq7DV7- BcHOVAIw&ab_channel=%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%A3%D1%87%D0%B 8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0
https://www.youtube.com/watch?v=rk- CoxsXKWY&t=8s&ab_channel=%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%A3%D1%87% D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0
Настанот ќе се одвива според официјалниот протокол за организирање на јавни настани, запазувајќи ги сите здравствени мерки.
Здружението на Граѓани Еко Логик од Септември 2018 година започна со спроведување на програмата „Вело Училишта‘‘. Во рамките на програмата „Вело Училишта“ се одржуваат и настаните Вело Родео кои имаат за цел развивање на вештините и способностите за безбедно возење велосипед вклучувајќи ги: баланс, контрола, тргнување, забрзување и запирање.
Преку оформената прва и единствена Вело мрежа на основни училишта во нашата држава кои посветено работат на темата велосипедизам се зголемува и унапредува знаењето на учениците, нивните родители, наставниците и секако пошироката јавност на темите: велосипедизам, одржлив транспорт, аерозагадување и климатски промени, безбедност во сообраќај.