29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШест начини кои ќе ви помогнат да бидете господар на сопственото време

Шест начини кои ќе ви помогнат да бидете господар на сопственото време

Имате чуство како да немате време за ништо, покрај тоа што сте добро организирани и давате се од себе? Можеби едноставно работите не ги правите на вистинскиот начин. Како би биле господар на сопственото време, придржувајте се на следниве совети.

„Јас“ не е лош збор!

Притисокот да се биде најдобрата мајка, ќерка, пријателка и партнерка, да не спомнуваме и работник, често може да не доведе да заборавиме на она најбитното- себе. Време е да станете малку себични.

Како? Без оглед колку го сакате своето семејство и пријателите, ако пред се не се сакате и не водите доволно грижа за себе, нема да имате повеќе што да понудите. Ваш приоритет би требало да биде обезбедувањето на средства кои ќе ви помогнат да се носите со животните предизвици.

Пробајте го следново: Вратете го во употреба зборот „себична“ со што ќе го направите позитивен. На тоа треба да гледате како чин на алтруизам, бидејќи задоволувајќи ги своите потреби ќе имате повеќе време на располагање за другите околу вас.

Уживајте во моментот

Пораките и електронската пошта можат да ви бидат и повеќе од помош, но тоа не значи дека со нив треба да си го потрупувате секој слободен момент. Уживајте во секој слободен момент до крај.

Како? Ако го набљудувате секој среќен момент низ вашиот објектив од фотоапаратот или преку мобилниот телефон, веројатно вие само делумно уживате во него. Колку сте повеќе присутни во целост, живеете во сегашноста, благодарни сте на се што имате во моментот, се повеќе ќе станете свесни дека времето работи во ваша корист.

Пробајте го следново: Факт е дека сме доста приврзани за мобилните телефони, таблетите, но зошто да не пробаме повремено да ги исклучиме? Ако сакате да одвоите пола саат за себе, исклучете ги сите електронски уреди. Моментално ќе се фокусирате на работите кои се случуваат околу вас.

Работете помалку, живејте подолго

Можеби имате премногу работи кои треба да ги завршите, но дали сте сигурни дека би дошол крај на светот доколку не ги завршите на време? Доброто управување со времето не значи дека треба да ја завршите целата работа, туку помалку да работите и да бидете среќни поради тоа.

Како? Без оглед дали сакате да се занимавате со некоја физичка активност или пак да се запишете на некој курс, време е да престанете да гледате на квантитетот на обврските кои ги извршувате, туку да се фокусирате на нивниот квалитет.

Пробајте го следново: Направете ревизија на времето. Направете список на сите активности кои ги обавувате во различни животни области и идентификувајте ги работите кои во вашиот живот даваат позитивен придонес. За останатите активности потребно е да се запрашате дали воопшто е потребно да ги исполните .

Доколку кон своите обврски постапувате со селекција, тоа значи дека секој дел од вашиот живот може да биде исполнет, а вие нема да бидете преуморни за да уживате во нив.

Ослободете се од луѓето кои ви ја одземаат енергијата и времето

Сите ние имаме неколкумина – пријатели кое секое гледање го претвораат во состанок во кој главна тема е нивниот живот, на кој сите точки на дневниот ред се нивни проблеми. Вредноста на работите може да се одреди со пари, но понекогаш се однесуваме неодговорно кога се во прашање часовите на нашето време.

Одговор?

Престанете да си го трошите своето време.

Редовно треба да ги согледувате работите во својот живот кои не мора да ги правите и да се запрашате дали е тоа добро за вас и дали всушност тоа го сакате. Доколку одговорот е негативен тогаш не правете го тоа.

Пробајте го следново: Едноставно откажете се од обврските кои ви ја црпат енергијата така што на сите ќе им дадете до знаење дека повеќе не сте во состојба да продолжите. Дадете им до знаење на веќе спомнатите пријатели, дека повеќе не сте во состојба да ги слушате нивните „кукања“, и доколку навалуваат, кажете им дека немате време за чести состаноци.

Планирајте мал одмор

Сеедно дали се работи за фотографирање, читање книга или посета на кино, на сите нас ни се потребни мали работи кои не прават среќни, здрави и нормални. Меѓутоа, преголемиот распоред со кој се сретнуваме секојдневно, често придонесува да си ги скратиме овие мали задоволства. Доколку ви се случува ова, земете го тефтерот и договорете си состанок со себе!

Како? Доколку ви е потребно време да размислите како би го поминале денот, вие всушност можете да си ја обликувате вашата стварност. Многу полесно е да одбиете некој, кога веќе однапред знаете дека тој ден одредена работа ќе ја правите во одредено време.

Пробајте го следново: Во својот планер внесете одредени денови во текот на месецот кои сакате да ги одвоите само за себе. Придржувајте се до овие одредени датуми како да станува збор за некој многу важен состанок и ветете си себе си дека ќе направите се што можете да не ги прескокнете тие денови или пак да ги замените со нешто друго.

Научете да кажете дипломатско „Не“

Ако на се, вашиот одговор е „Да“, не е чудно што времето ви „бега“ од контрола. Наместо разни исклучоци, научете да кажете дипломатско „Не“.

Како? Само едно празно „Не“, може да звучи грубо, но не треба да се оправдувате. Трикот е во тоа да бидете неутрални, со цел да го ублажите ударот.

Пробајте го следновоПоканети сте да го поминете викендот со пријателите, а вие сте испланирале да останете дома и да се посветите себе си. Пробајте да бидете дипломатични и на пример кажете: „Колку добра идеја за некој следен пат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП