28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСТО: Воведените царини на Трамп против Кина се незаконски

СТО: Воведените царини на Трамп против Кина се незаконски

Светската трговска организација(СТО) соопшти дека царинските давачки на претседателот Доналд Трамп за кинеска стока во вредност од околу 234 милијарди долари ги кршат правилата за меѓународна трговија.

СТО ја прифати жалбата на Кина, утврдувајќи дека царините прекршиле неколку правила, вклучително и дека земјите применуваат еднакви тарифни стапки за сите трговски партнери-членки, пренесува Си-Ен-Ен.

Пресудата на Светската трговска организација, сепак, ќе има мал реален ефект бидејќи Апелациониот одбор на СТО има премалку членови за да би можеле да дејствуваат откако Соединетите држави ги блокираа потребните назначувања.

Трамп воведе царини за милијарди долари кинески увоз, обидувајќи се да го донесе Пекинг на преговарачката маса и да ги реши прашањата поврзани со кражбата на интелектуална сопственост и принудниот трансфер на технологија.

Соединетите држави и Кина потпишаа прелиминарен договор за тарифи претходно оваа година, но повеќето тарифи остануваат на сила. Тоа ја прави оваа стока поскапа за американските компании, а понекогаш доведуваат до зголемување на потрошувачките цени.

Администрацијата на Трамп долго време ја критикуваше СТО затоа што Кина не ја смета за одговорна. Претставникот на САД за трговија Роберт Лајтизер ја критикуваше одлуката на СТО, тврдејќи дека одлуката потврдува дека организацијата е неефикасна.

„Иако Комисијата не ги оспори обемните докази обезбедени од САД во врска со Кина во врска со кражбата на интелектуална сопственост, одлуката на СТО покажува дека организацијата не обезбедува лек за ваквите прекршувања“, се вели во изјавата на Лајтизер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП