28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрета иницијатива на Националната коалиција за животна средина

Трета иницијатива на Националната коалиција за животна средина

Согласно Стратегијата за реформа на правосудниот систем за периодот 2017-2022, во корелација со проектот: „Еднаков пристап за ефективна правда”, имлементиран од  Здружението на граѓани – Центар за еколошка демократија Флорозон Скопје, во соработка со ЕД Вила Зора од Велес ја организираат третата иницијатива на Национална коалиција за животна средина, во која членуваат 32 граѓански организации од целата држава.

Третата иницијатива „за почист воздух“ на Националната коалиција за животна средина ќе се одржи на 16.09.2020 во просториите на ЕД ВИЛА ЗОРА (Трајко Панов бр.22) Велес, со почеток од 12:00 часот.

Целта на иницијативата е адресирање на проблемите на граѓаните од град Велес за прашањето за пристап до информации за состојбата на загадувањето на воздухот, односно недостатокот од мерни станици за квалитетот на воздухот. Понатаму, ќе се презентира постапката за оцена на уставноста и законитоста на заклучокот за донесување мерки за контрола на загадувањето на амбиенталниот воздух од страна на индустриските капацитети во општина Велес. Исто така, ќе се промовира бесплатната правна помош како механизам за пристап до еколошка правда, во овој случај право на пристап до информации од животната средина утвртедно во Архуската конвенција. Во тој контекст, ќе се изврши и дисеминација на документите развиени во рамките на горенаведениот проект – „Компаративна анализа на постоечки модели на правна помош во и надвор од EУ и најдобри практики“, „Кратка брошура за добри практики за пристап до правда од областа на животна средина“ и „Водич за користење бесплатна правна помош“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП