19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 98 заразени со Ковид-19, починати девет лица, оздравени 104

Нови 98 заразени со Ковид-19, починати девет лица, оздравени 104

Во изминатото деноноќие се регистрирани 98 нови случаи на Ковид-19, починати се девет лица, а оздравени 104 пациенти, информира денеска Министерството за здравство.

Министерството информира дека во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19 – Скопје-50, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-5, Тетово-7, Струга-3, Велес-1, Битола-4, Охрид-2, Гостивар-1, Струмица-9, Крива Паланка-1, Кочани-1, Берово-1, Делчево-2, Кичево-1.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-46, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-9, Велес-1, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-2, Македонски Брод-5, Пехчево-4, Берово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-1, Кичево-2.

Починати се девет лица, од Крива Паланка (52), двајца од Гостивар (60 и 62), од Куманово (60), од Велес (70), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29 и 44). Oд нив осум се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925, бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6373, активни 540

• Куманово 1611, активни 195

• Дебар 268, активни 35

• Штип 1209, активни 70

• Прилеп 567, активни 130

• Тетово 1312, активни 116

• Струга 630, активни 66

• Велес 289, активни 17

• Битола 249, активни 51

• Охрид 396, активни 56

• Кавадарци 202, активни 30

• Гостивар 857, активни 92

• Гевгелија 89, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 112, активни 49

• Крива Паланка 84, активни 36

• Радовиш 52, активни 9

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 191, активни 53

• Пробиштип 97, активни 20

• Демир Хисар 60, активни 1

• Македонски Брод 84, активни 7

• Пехчево 42, активни 23

• Берово 74, активни 27

• Валандово 11, активни 3

• Виница 94, активни 27

• Делчево 128, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 5

• Свети Николе 309, активни 18

• Кичево 291, активни 28

• Ресен 153, активни 6

• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1404 теста од кои преку ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-28, Авицена-253, Биотек-239, МАНУ -163, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Систина со PCR метода -179, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-39, Инфективна клиника-3, ГАК-15, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и пет мајки позитивни на Ковид-19, три деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се шест, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респираторна машина се двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 16, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 50

• Гази Баба – 74

• Аеродром – 86

• Карпош – 74

• Центар – 72

• Кисела Вода – 54

• Ѓорче Петров – 26

• Бутел – 35

• Шуто Оризари – 13

• Студеничани – 9

• Сарај – 15

• Арачиново – 9

• Илинден – 8

• Сопиште – 2

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 4

• Зелениково – 1

• Странец – 3

• Нераспределен-3. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП