Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

Огромна помош за наставниците: Бесплатни дигитални алатки кои го олеснуваат учењето од далечина

Време: 13:31

Датум: септември 15, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Успешното спроведување на учењето од далечина е еден од најголемите предизвици пред кој се исправени училиштата во целиот свет во актуелната пандемија, вклучувајќи ги и училиштата во земјава. Во дигиталниот свет постојат огромен број образовни платформи и алатки кои го овозможуваат и олеснуваат учењето од далечина. Но, како да се изберат најдобрите и најкорисните од нив?  

Меѓународното училиште „Нова“ од почетокот на месецов ја стартуваше учебната година, при што дел од учениците имаат комбиниран модел на настава, а поголем дел следат  настава од далечина. Аманда Левит, координатор на Middle Years Program (Програма за ученици на возраст од 10 до 16 години) во „Нова“ вели дека учењето од далечина кое го наметна пандемијата бара поинаков пристап и начин на работа на наставниците од досега воспоставените практики. Според неа, при учењето од далечина повеќе време треба да се посветува на планирање и создавање искуства за учење отколку за пренесување на содржината. За наставниците да можат да го спроведат успешно, потребни им се дигитални алатки со кои  ќе создаваат и споделуваат висококвалитетни искуства.

Од нејзиното искуство во „Нова“, каде што учењето од далечина се спроведува навистина успешно, Левит споделува пет одлични бесплатни алатки кои можат да им обезбедат значајна поддршка на наставниците при креирањето и споделувањето содржини.

Едмодо / EdModo (new.edmodo.com)

„Едмодо“ е одлична, бесплатна образовна платформа која со своите можностите го надминува „Гугл класрум“ (Google Classroom) и е достапна дури и ако вашето училиште не им праќа електронски пораки на учениците преку „Џимејл“ (gmail). „Едмодо“ им овозможува на наставниците да создадат организирана платформа на ресурси, задачи и многу други можности. Ги има сите карактеристики како и „Гугл класрум“, но нуди и многу повеќе. Едмодо соработува со многу различни апликации со цел да ги вклучи во дигиталната училница. Така, многу лесно може да додадете содржини по математика или природни науки преку апликациите „ЦК12 Едмодо“ (CK12 Edmodo), „Дезмос“ (Desmos), „Џамп старт активити центар“ (Jump Start activity Center) и стотина други. Уште поважно, „Едмодо“ создаде заедница на практики, каде наставниците од целиот свет соработуваат и разменуваат податоци и идеи. Таму има секција за пребарување полна со корисни информации, дискусии на различни теми и база на податоци со корисни линкови. Како поддршка на наставниците кои спроведуваат настава од далечина, „Едмодо“ нуди цела колекција на ресурси, вклучувајќи и распореди и тек на настава, видеа за професионален развој со користење на технолошки алатки и сл.

Тинглинк / ThingLink (thinglink.com)

„Тинглинк“  (ThingLink ) е одлична алатка за креирање богатo, мултимедијалнo искуствo во која наставниците може да прикачат слика каква што сакаат. Оттаму може да вметнат дополнително видео, аудио и визуелно објаснување. Ова е одлична алатка за предавање математика, наука или историски концепти кои содржат повеќе чекори или слоеви. На пример, наставник по математика може да прикачи фотографија од решен математички проблем. Таму може да вметне видео објаснување за сите чекори при решавањето или да сними аудио објаснување. Платформата е поврзана со „Јутјуб“, „Гугл мапс“, „Саунд клауд“ и други одлични извори на информации. Исто така оваа платформа вклучува и база на податоци со различни корисни линкови од заедницата кои може да се копираат и да се прилагодуваат.

Едпазл /  EdPuzzle (edpuzzle.com)

 „Едпазл“ (EdPuzzle) е една од најмоќните алатки за споделување содржини при учењето на далечина. „Едпазл“ може секое видео да го направи интерактивно. Наставниците вметнуваат прашања во видеата. Тоа може да бидат прашања со кратки одговори, избор од повеќе можни одговори или прашања со слободен одговор. Може да работи синхроно и асинхроно. Со опцијата „час во живо“ (live class option) се создава синхрона лекција која им овозможува на учениците да го стават видеото на пауза и да постават прашање во чет група, наставниците може да го стават видеото на пауза и да направат брза анкета, да проверат дали и колку учениците разбрале и сл. Оваа алатка овозможува наставникот да добива извештаи за одговорите на учениците и за нивниот ангажман за време на лекциите во живо. Во однос на асинхроното учење, алатката го следи времето поминато во гледање на видеото, ги регистрира одговорите на учениците на поставените прашања и доколку ученикот се префрли на друг прозорец, видеото престанува со емитување. Бесплатниот профил за користење на алатката вклучува до 20 видеа.

Флип Грид / Flip Grid (flipgrid.com)

Сериозен предизвик е да се создаде заедница во процесот на учење од далечина. „Флип Грид“ (Flip Grid) е одлична алатка не само за дискусии во одделението, туку и за создавање заедница. Концептот е едноставен. Наставникот објавува тема за дискусија, која може да вклучува фотографија или видео кое поттикнува на размислување. Потоа учениците се снимаат како реагираат на темата за дискусија и може да си одговараат едни на други во рамките на темата. Нивниот наставник може да избере дали ќе ги модерира видеата или ќе дозволи тие слободно да се објавуваат. Ова е затворена платформа, така што учениците се безбедни. Доколку учениците немаат училишна имејл адреса, наставникот може да креира индивидуални кориснички сметки и кориснички имиња за секој од нив.

Дектојс /  Decktoys (deck.toys)

„Дектојс“ (Decktoys) е моќна платформа за асинхроно учење која е различна за сите ученици. Дизајнирана е по примерот на традиционалните друштвени игри и има многу фантастични карактеристики. Наставниците всушност креираат мапа од нивната единица, заедно со содржина, активности и сл. Потоа може да додаваат различни патеки кои вклучуваат уште попредизвикувачка и подобрена содржина. Додека учениците „патуваат“ низ содржината, се соочуваат со автоматски проверки на тоа што го разбрале. Во зависност од нивното постигнување, тие се движат по различни патеки што ги креирал нивниот наставник. Иако одзема малку повеќе време за поставување, платформата овозможува целосно асинхроно искуство со висок квалитет и им обезбедува на наставниците мноштво важни податоци.

 

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Викенд без ДДВ од 10. до 12. октомври

    Викенд без ДДВ од 10. до 12. октомври

    Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој корисник на апликацијата „Мој ДДВ“,…

  • Нови 148 заразени од Ковид-19 и тројца починати

    Нови 148 заразени од Ковид-19 и тројца починати

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2,…

  • ВАР им зема два бода на „петлите“ во 95 минута

    ВАР им зема два бода на „петлите“ во 95 минута

    Пулените на Жозе Мурињо, фудбалерите на лондонски Тотенхем попладнево беа пред победа против Њукасл во рамки на третото коло во Премиерлигата. Сепак ВАР технологијата ги…

  • Леброн не дозволи пресврт и ги испрати Лејкерси во финалето на НБА

    Леброн не дозволи пресврт и ги испрати Лејкерси во финалето на НБА

    Леброн Џејмс гарантираше дека овој пат Денвер нема да направи сензационален пресврт и ги испрати Л.А. Лејкерс во финалето на НБА. „Кралот“ заврши со 38…

  • Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

    Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

    Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.559 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починат е пациент од…

  • Променливо облачно со сончеви периоди

    Променливо облачно со сончеви периоди

    Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе…

  • Ниту Ковид-19 не ја менува оваа статистика: Њујорк останува водечки финансиски центар

    Ниту Ковид-19 не ја менува оваа статистика: Њујорк останува водечки финансиски центар

    Њујорк го задржа првото место на светскиот ранг на финансиски центри, а Лондон го консолидираше своето второ место пред целосното излегување на Велика Британија од…

  • Растот на понудата на пари во еврозоната забави во август (ИНФОГРАФИК)

    Растот на понудата на пари во еврозоната забави во август (ИНФОГРАФИК)

    Годишната стапка на раст на монетарниот агрегат „М3“ или т.н. „широките пари“ паднаа на 9,5% во август 2020-та година од 10,1% во јули и во…

  • МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

    МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

    Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел да се запознаат со нејзините…

  • Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

    Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

    Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и околу 85 милиони како исклучително…