Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Секој е заменлив – дали сте сигурни?

Време: 09:46

Датум: септември 15, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Една од најважните лекции која секој претприемач мора да ја совлада е дека одличните вработени се незаменливи.

Технологијата и производот не се она што компанијата ја прави добра, туку луѓето. А компаниите кои своите одлични работници ги гледаат како „заменливи“ не се во право. Добрите вработени не се менуваат!

Може ли компанија да вработи некој за да го замени со друг?

Секако дека може. Особено во ова време, кога на пазарот на труд има многу квалитетни кандидати кои се подготвени да ја прифатат работата. Сепак, вработувањето на нови личности не го менуваат одличниот работник. Затоа што вработувате само нова личност.

Претприемачите и директорите кои ја имаат усвоено фазата дека секој е заменлив се залажуваат самите, затоа што е тешко да се вработи некој кој поседува исти или подобри вештини. Но, вистина е дека компанијата тешко може да го замени одличниот работник.

Тоа е личност која одлично ја познава компанијата и како системот функционира, има супер производ, идеи и знаење. Со клиентите има фантастичен однос кој го градел и оддржувал со години. Таа личност поседува огромно искуство и добро знае кои одлуки во минатото биле добри за компанијата, а кои не. Освен тоа, добриот работник веројатно е дека имал и добар однос со останатите вработени. Па со неговото заминување ќе има големо влијание на корпоративната култура и квалитетната комуникација внатре во компанијата.

Заминувањето ги доведува и клиентите во прашање

Кога компанијата ќе остане без најдобриот вработен, тогаш и останатите се запрашуваат: Зошто таква личност си заминала и зошто компанијата така лесно се откажала од неговите услуги? Се случува ли нешто во компанијата кое би требало да не загрижи? Можеби и ние треба да бараме друга работа?

Не само што останатите вработени би се запрашале за ваквата одлука, туку тоа ќе го прават и клиентите. А нивното прашање ќе биде слично како и на работниците: Се случува ли нешто со компанијата, а ние да незнаеме? Зошто таков вработен би заминал? Треба ли да бараме нов соработник?

Накратко, губењето на добар работник има поголеми последици, отколку што на почетокот ќе ви се чини. Па така компаниите мораат да бидат многу внимателни кога донесуваат одлука за менување на еден со друг вработен. Непризнавањето на одлично завршената работа на вработениот може да биде голема грешка. Новата личност тешко дека ќе може да го замени, ако го земете во предвид вложеното време и пари кои се потребни додека новиот вработен почне да ја работи работата на неговиот претходник.

Ценете ги вашите вработени

Нормално, понекогаш се случува и вработениот сам да сака да си замине поради подобра работна понуда или други животни околности, што неможе да се спречи. Но во било која друга ситуација, кога компанијата има можност да го задржи одличниот вработен, треба да стори се што е во нејзина моќ тоа да го стори.

Покажете им на вашите вработени дека ги цените, ако неможете соодветно да ги платите, потрудете се да пронајдете друг начин да ги наградите за одличната работа. Колку и да е компаниијата, успешна, напредна и опремена со врвна технологија, важно е дека добрата фирма ја прават вработените.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Се крчкаат нови правила, дозвола за градба само доколку објектот се приклучи на системот за парно греење!

    Се крчкаат нови правила, дозвола за градба само доколку објектот се приклучи на системот за парно греење!

    Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање до Министерството за транспорт и врски со кое се бара да се промени законот за градба и да се…

  • Награди за најдобрите на Европскиот квиз на парите

    Награди за најдобрите на Европскиот квиз на парите

    Македонската банкарска асоцијација, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ги наградија учениците со најдобри резултати на Европскиот квиз на парите и нивните ментори…

  • Познати сите двојки во плејофот од Лигата на Европа

    Познати сите двојки во плејофот од Лигата на Европа

    Сите двојки во плејофот од Лигата на Европа се веќе јасни. Последниот македонски претставник, тетовска Шкендија синоќа загуби во Скопје од Тотенхем на Муруњо со…

  • Сончево и топло до 31 степен

    Сончево и топло до 31 степен

    Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на…

  • Нови 152 заразени со Ковид 19, починале две лица

    Нови 152 заразени со Ковид 19, починале две лица

    Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти…

  • Ибрахимовиќ заразен со Ковид-19

    Ибрахимовиќ заразен со Ковид-19

    Златан Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирусот, информацијата ја објави „Кориере дела Сера“. Тимот на Ибрахимовиќ, Милан, за пет часа треба да го одигра натпреварот во…

  • Бизнис климата во Германија продолжува да се подобрува

    Бизнис климата во Германија продолжува да се подобрува

    Расположението кај германскиот бизнис продолжува да се подобрува во септември. Индексот на деловната клима на Институтот за економски истражувања „Ifo“ се искачи на 93,4 поени…

  • Инвеститорите загрижени: Европските берзи паднаа на тримесечен минимум

    Инвеститорите загрижени: Европските берзи паднаа на тримесечен минимум

    Глобалната продажба на ризични средства ги сруши европските берзи на најниско ниво во последните три месеци, бидејќи недостатокот на нови стимуланси за американската економија и…

  • Бесими: Се очекува следната да биде година на опоравување со раст од 4,8% на БДП

    Бесими: Се очекува следната да биде година на опоравување со раст од 4,8% на БДП

    Растот за 2021 година првично се очекува да биде 4,8% од БДП, согласно основното сценарио. Следната година се очекува да биде година на економско опоравување,…

  • Прв веб речник на Македонски знаковен јазик “РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ”

    Прв веб речник на Македонски знаковен јазик “РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ”

    Првиот веб речник на Македонски знаковен јазик е веќе достапен за јавноста. www.znakoven.mk Речникот е целосно изработен од членовите на Здружението на глуви и наглуви…