17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМерките за родителите кои беа ослободени и продолжено породилно отсуство престануваат да...

Мерките за родителите кои беа ослободени и продолжено породилно отсуство престануваат да важат

Сите родители кои досега беа ослободени со мерките, од идната среда-23 септември се враќаат на работа, а престанува да важи и користењето на продолжено породилно отсуство, одлучи Владата на седница.

Родителите чии деца се до шестгодишна возраст треба да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, имајќи предвид дека детските градинки почнаа со активности за згрижување и воспитание на деца од 9 септември, односно престанува користењето на мерката на Владата по овој основ.

Родителите чии деца од шест до 10-годишна возраст се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиште, почнувајќи од 23 септември 2020 година (среда), да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, без разлика на начинот (со физичко присуство или од далечина) на кој детето ќе ја следи наставата во училиштето, велат од Владата.

Од истиот датум треба да се вратат на своите работни места и мајките ослободени од работа врз основа на користење продолжено породилно отсуство.

„Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи веднаш по истекот на породилното отсуство“, велат од Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП