25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ќе ја стимулира својата економија со нови 6,8 милијарди евра

Грција ќе ја стимулира својата економија со нови 6,8 милијарди евра

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека Атина ќе потроши дополнителни 6,8 милијарди евра за борба против влијанието на коронавирусот врз економијата на земјата.

Новите трошоци ќе помогнат да се намалат социјалните придонеси на компаниите, да се создадат 100.000 работни места и да се намалат даноците на жителите на туристичките острови погодени од влијанието на пандемијата врз патувањата, изјави премиерот пред новинарите во пристанишниот град Солун.

Мицотакис додаде дека ќе ги продолжи надоместоците за невработеност за дополнителни два месеци во земјата со најголема стапка на невработеност во еврозоната.

Мерките го надополнуваат пакетот од 24 милијарди евра, усвоен напролет.

Производството во Грција се намали за 15,2% во вториот квартал, а Мицотакис предвидува намалување на БДП-то од 8 до 9% до крајот на годината.

Додека туристичкиот сектор донесе повеќе од 18 милијарди евра за грчката економија минатата година, според придонесите на економистите во 2020-та година овој придонес може да достигне само 3,5 милијарди евра.

За време на деценијата на агонизирана должничка криза од 2008-2018 година, грчкиот БДП се намали за речиси една четвртина.

Иако Грција страдаше помалку од коронавирусот отколку нејзините европски соседи, регистрирајќи само 305 смртни случаи досега, тешката блокада наметната шест недели во пролетта ја запре економската активност и ја погоди туристичката сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП