Луксузниот бренд на „Hyundai“, „Genesis“ го освежи изгледот на својата најмала лимузина „G70“ која сега има унапреден дизајн и технологија.
„G70“ е директен ривал на „Audi A4“ и „BMW Series 3“, а освежениот модел има најмногу промени на предниот дел каде се наоѓа решетката за ладилникот.
Направени се промени и на задниот дел на автомобилот, со нови „LED“ светла.
Во внатрешноста е сместен нов 10,25-инчен екран со инфо-забавен систем кој поддржува „Google Play“ системот, a има и безжичен полнач за мобилни.
Се очекува повеќе детали за овој модел да бидат познати веќе наредниот месец.