20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез работа остануваат 650.000 британци, работодавачите бараат помали придонеси

Без работа остануваат 650.000 британци, работодавачите бараат помали придонеси

Велика Британија е на пат да го забележи најголемиот пораст на вишокот на вработени во последните 30 години во втората половина на 2020-та година, според најавите на работодавците погодени од економското влијание на коронавирусот, објави денес една „тинк-тенк“ организација.

Околу 650.000 луѓе, и потенцијално многу повеќе, најверојатно ќе бидат вишок во Велика Британија помеѓу јули и декември, според извештајот на Институтот за студии за вработување (IES), независна истражувачка организација, пренесува „Reuters“.

„За жал, повеќето такви преструктуирања сега изгледаат неизбежни“, се вели во извештајот.

Бројот на известувања за отпуштања е повеќе од двојно поголем отколку за време на рецесијата во 2008/2009 година, а уште 450.000 лица може да бидат прогласени за технолошки вишок во периодот јули-септември, што е за 50 проценти над највисокото ниво забележано во истиот квартал во текот на глобалната финансиска криза. Сепак, високото ниво на отпуштања не мора да доведе до масовна невработеност ако луѓето можат да најдат работа со нови работодавци, додава „IES“.

Владата треба да ги намали придонесите на работодавачите по вработен со цел да го поттикне вработувањето и да обезбеди „тесно насочена“ поддршка на платите во индустриите и областите што ќе бидат одржливи на долг рок, проценува „IES“.

Министерот за финансии Риши Сунак се спротивстави на апелите за продолжување на програмата за поддршка на работата поради ковид-19, која треба да истече на крајот на октомври.

Здруженијата на работодавачи бараат од него да ги намали придонесите за социјално осигурување со цел да се намали очекуваниот пораст на невработеноста.

Официјалните податоци за пазарот на труд, што треба да се објават утре, се очекува да покажат дека стапката на невработеност во Велика Британија се зголемила за прв пат во последните три месеци до јули. Од воведувањето на мерките во март, таа успеа да остане на 3,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП