28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПо две години VLC се враќа на iOS

По две години VLC се враќа на iOS

vlc-ios

Компанијата „VideoLAN“ денеска објави многу интересни вест, а таа е дека нивниот „VLC“ плеер по две години се враќа на платформата „iOS“ и дека веќе е достапен во „App Store“.

Тие порачаа дека апликацијата е бесплатна и дека работи на оперативниот систем 5.1 или на поновите верзии. Исто така од „VideoLAN“ додадоа дека нивниот плеер има поддршка за „iPhone“, „iPad“ и „iPod touch“.

Станува збор за верзијата 2.0 која има поддршка за сите видови на фајлови кои ги поддржува и нивниот плеер за компјутерите. Тој исто така е подобро опремен за делење со поддршка за „Dropbox“, „upload“ по пат на „WiFi“, поддршка за „third-party“ апликациите низ „Share“, како и „Web“ превземање.

Оргиналниот „VLC“ за „iOS“ беше повлечен од „App Store“ во јануари 2011-та година, па така ова е своевиден „камбек“ на популарниот плеер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП