19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка и СЗО предупредуваат: Светот е во состојба на нереди

Светска банка и СЗО предупредуваат: Светот е во состојба на нереди

Во новиот извештај на Одборот за следење на глобални подготвености за епидемии, наведува дека светот од состојба на ризик преминал во состојба на нереди.

Причината лежи во тоа што политичките лидери не реагирале на предупредувањата дека треба да извршат подготовки за пандемија на некаква зараза, која потоа и настапила во вид на пандемија на Ковид-19.

Во извештајот на одборот, кој го формулираа Светска банка и Светската здравствена организација се наведува и дека финансиските и политички инвестиции во подготвеностите биле недоволни, а цената ја плаќаме сите.

Наспроти тоа што изминатите децении беа упатени неколку повици за делување, ниту еден од нив не ги произведе потребните промени, се додава во извештајот на одборот, со кој претседава некогашниот генерален директор на СЗО, Гро Харлем Брунтланд.

Во извештајот за 2019 година, издаден неколку месеци пред избивањето на пандемијата на Ковид-19, одборот укажа на вистинска опасност од „пандемија која брзо се шири, предизвикана од смртоносен респираторен патоген“ и предупреди дека такво нешто би можело да доведе до губење на милиони човечки животи и економски хаос во светот.

„ Доколку не биде научена лекциите кои ги пружа Ковид-19 и не се преземат соодветни чекори со неопходни ресурси и посветеност, тоа ќе значи дека следната пандемија, која сигурно ќе дојде, ќе предизвика уште поголеми штети“, се предупредува во новиот извештај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП