25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска умерено намалување на дневните температури, в четврток дожд и грмежи

Од денеска умерено намалување на дневните температури, в четврток дожд и грмежи

Вренето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно североисточен ветер.

На југозападот ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени, јавува УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен.

Од денеска повремено ќе се зголемува облачноста и благо ќе се намалува дневната температура.

Во четврток и петок претежно попладне ќе има услови за краткотрајна локална нестабилност со пороен дожд и грмежи и умерен до засилен северен ветер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП