24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот дефицит на САД надминува 3 трилиони долари

Буџетскиот дефицит на САД надминува 3 трилиони долари

 

Пандемијата на коронавирусот го зголеми буџетскиот дефицит на САД на над 3 трилиони долари за првите 11 месеци од фискалната 2020-та година. Ова е повеќе од двапати од претходниот рекорд за целата година, соопшти Министерството за финансии, цитиранo од „Reuters“.

Буџетскиот дефицит за август беше 200 милијарди долари, исто колку и дефицитот во август 2020-та година. Сепак, ова е под прогнозата за 245 милијарди долари од аналитичарите анкетирани од „Reuters“. Но, 55 милијарди долари за исплата на помош се пренасочени кон јули, бидејќи август започна со викенд.

Дефицит од 3 трилиони долари од почетокот на годината е скоро три пати повисок од 1 трилион долари за истиот период од минатата година како резултат на огромното зголемување на државните трошоци за борба против економските последици од пандемијата на коронавирусот.

Претходниот рекорден 11-месечен дефицит беше 1,37 трилиони долари, објавени од Министерството за финансии во август 2009-та година за време на финансиската криза и рецесијата. Дефицитот за целата фискална 2009-та година достигна 1,4 трилиони долари.

Фискалната 2020-та година завршува на 30-ти септември. Деветтиот месец од календарската година обично доведува до вишок на буџетот поради роковите за данок на деловната активност во кварталот, но портпарол на Министерството за финансии рече дека е невозможно да се предвиди дали се очекува дефицит во септември оваа година.

Буџетските расходи за август изнесуваат 423 милијарди долари во споредба со 428 милијарди долари во август минатата година, а приходите минатиот месец достигнаа 223 милијарди долари во споредба со 228 милијарди долари една година порано, соопшти Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП