24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа 24-ти и 25-ти септември ќе се одржи финалната конференција за проектот...

На 24-ти и 25-ти септември ќе се одржи финалната конференција за проектот БалканМед ИННОВА

Финалната конференција за проектот БалканМед ИННОВА, финансиран до Европската унија, ќе се одржи онлајн, со почеток од 10 часот.

Нејзината цел е да ги промовира резултатите и придобивките од проектот како и да придонесе за промоција на претприемништвото во регионот. На настанот ќе учествуваат панелисти претставници од партнерските организации од Македонија, Грција, Албанија, Бугарија и Кипар, како и претставници од компании и граѓанскиот сектор од овие земји.

Регистрација на учесници е на следниот линк, а сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од овој настан ги очекуваме најдоцна до 18-ти септември.

Агендата за настанот можете да ја погледнете на следниот линк.

Проектот кој започна во 2017 година, имаше за цел низ обука, размена на знаења и искуства, како и трансфер на технологии да овозможи поддршка на веќе постоечки мали и средни претпријатија, како и на сите потенцијално нови стартапи.

Проектот беше насочен кон претприемачите, а целта е тие да се здобијат со нови знаења и вештини и истите да воспостават контакти со бизнис заедниците од земјите-партнери на проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП