27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСТО: ЕУ и САД доминираат во светската трговија

СТО: ЕУ и САД доминираат во светската трговија

eusad1

Од било кој агол да погледнеме, САД и Европската унија ќе останат доминатни играчи во светската трговија во наредните две децении, се наведува во најновиот извештај на Светската трговска организација (СТО).

Вистинското прашање е, сепак, колкав трговски дел ќе им отстапат на економиите во развој, како што е Кина, се додава во соопштението, пренесува агенцијата АП.

Во годишниот извештај на СТО, исто така, се наведува дека, во случај на поволни економски услови, Кина би можела да го зголеми уделот на индустриските производи во извозот на речиси една четвртина од глобалната трговија до 2035 година.

Во случај на неповолни услови, пазарниот удел на ЕУ и САД би се зголемил, но тие економии, во апсолутна смисла, сепак, ќе бележат загуба поради слабата економија.

Под такви околности, Кина и земјите во развој би го загубиле уделот на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП