19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарадоксална ситуација во Австрија: Голема невработеност, нo и недостиг на работници

Парадоксална ситуација во Австрија: Голема невработеност, нo и недостиг на работници

Пазарот на трудот во Австрија е во парадоксална ситуација, бидејќи покрај високата невработеност поради корона-кризата, на многу компании им недостасува потребната работна сила.

Во моментов во Австрија има повеќе од 410.000 невработени, а претседателот на Австриската трговска комора, Харалд Марер, очекува нивниот број да се зголеми за уште 80 000 овој месец.

Покрај тоа, 400.000 луѓе работат со скратено работно време.

„И покрај зголемената невработеност, многу компании не можат да најдат работна сила“, вели Марер, додавајќи дека причината е што оние што бараат работа не се таму каде што има работа.

Само во ИТ-секторот се отворени 20.000 работни места, во секторот за нега и грижа 2.500, а и во услужните дејности недостасува квалификувана работна сила, на пример 1.300 монтери.

За да се спречи невработеноста да остане висока, Стопанската комора бара мерки од владата, социјалните партнери и од Службата за вработување.

„Квалификациите се приоритет. Корона-кризата го отвори патот за дигитализација и образованието треба да го следи тој правец”, вели генералниот секретар на Комората, Карлхајнц Копф.

Тој посочи дека занаетчиството се покажало како „поотпорно“ на кризата и дека занаетчиите наоѓаат работа полесно отколку луѓето со универзитетско образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП