29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова експлозија во Бејрут, црн облак од чад над пристаништето(видео)

Нова експлозија во Бејрут, црн облак од чад над пристаништето(видео)

Во пристаништето во Бејрут избувна пожар по повеќе од еден месец од страшната експлозија на магацинот со амониум нитрат во тој град, во кој загинаа 191 лице.

„Ројтерс“ наведува дека голем црн облак од чад се издигнал во небото над либанскиот главен град.

Засега е непознато што го предизвикало пожарот.

Експлозијата во главниот град на Либан, што се случи на 4 август, ги уништи пристанишните објекти и ги опустоши локалните области.

Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот во кој изгореа речиси  3.000 тони амониум нитрат складирани во пристаништето Бејрут.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП