20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако да побарате поголема плата?

Како да побарате поголема плата?

Посакувате повисока плата на постојаното место, еве неколку совети како правилно да ја побарате.

Пред почетокот на состанокот важно е да се припремите. Сумирајте ги вашите достигнувања на работа и поткрепете ги со докази. Размислете што би можел вашиот шеф да ве праша и да ви приговори. Подгответе добри одговори.

Што ќе направите ако не успеете?

Првенствено, запрашајте се ако бидете одбиени дали би останале да работите за истата плата. Може ли да се задоволите ако вашиот работодавач ви понуди друга алтернатива, како службен автомобил, посета на некој курс, или семинар.

Погодете го вистинското време

Размислете за ситуацијата во која се наоѓа вашата компанија. Не бидете нетрпеливи. Немојте случајно да го застанете шефот во ходник и да барате повисока  плата. Едноставно, закажете состанок.

Потенцирајте ги вашите квалитети

Во текот на разговорот со својот шеф претставете ги своите квалитети. Важно е да покажете дека сте корисни за компанијата. Покажете самодоверба и бидете уверливи во тоа што го говорите.

Слушајте ја другата страна

Едно од најважните правила во преговорите е да умеете да ја слушате другата страна. За да разберете што сака да ви каже, мора да прашувате и внимателно да слушате.

Без расправии

Изнесете јасно и конкретно што сакате. Запомнете, вие и вашиот работодавач не сте спротиставени страни. Вие треба да соработувате уште долги години со него. Не ја гледајте ситуацијата краткорочно. Вашиот успех треба да биде успех и за вас и за вашата компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП