21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШест гиганти за три дена изгубија трилион долари

Шест гиганти за три дена изгубија трилион долари

Шесте најголеми технолошки гиганти изгубија повеќе од трилион (1.000 милијарди) долари од вредноста на акциите само во последните три дена.

Но, всушност, ова е само дел од профитот од почетокот на оваа година, со оглед на растот на акциите во претходните месеци.

Apple, кој достигна пазарна вредност од 2 трилиони долари на 19 август, падна за околу 325 милијарди долари во последните три дена.

Microsoft падна за 219 милијарди долари, Amazon за 191 милијарда долари, а Alphabet загуби 135 милијарди долари.

Вредноста на Тесла се намали за 109 милијарди во последните три дена. Конечно, и Facebook е во загуба од 89 милијарди долари.

И покрај огромниот пад, треба да се потсетиме на големиот раст на вредноста на технолошките гиганти оваа година.

На почетокот на 2020 година, шесте најголеми технолошки компании вредеа околу 5 трилиони долари. Во средата, на 2 септември, тие достигнаа врв од 8,2 трилиони долари.

По затворањето на пазарот во вторникот, нивната комбинирана пазарна капитализација беше 7,1 трилиони долари.

Иако станува збор за голема загуба од неколку дена, овие шест компании сепак вредат 2,1 милијарди долари повеќе отколку на почетокот на годината – и покрај глобалната пандемија на коронавирусот и рекордната загуба на работни места во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП