19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета „Баланс“ – 5 кг за 1 месец

Диета „Баланс“ – 5 кг за 1 месец

Балансираната исхрана е клуч за совршената фигура. Затоа, решивме да ви понудиме една балансирана диета со која непречено може да симнете 5 кг за 1 месец.

Диетата „Баланс” ги исклучува целосно од менито белиот леб и свинското месо. Акцент се става на пилешкото, мисиркиното месо и рибата.

Најголемиот плус на диетата е тоа што не треба да гладувате. Порциите не се големи, ниту мали и ја нагласуваат класичната комбинација – протеини + зеленчук. Се слабее побавно, но здраво и сигурно. За десерт и закуска можете да јадете нискомаслен јогурт или овошје по избор.

Вежби со диета „Баланс”

За максимални резултати ви препорачуваме лесни физички вежби. Доволно е да правите стомачни во домашни услови и да одите пеш барем 30 минути на ден. За уште подобри резултати комбинирајте и кардио вежби три пати неделно. И секако, пијте големи количини на вода.

Пример мени

thali_625x350_81441377505

Понеделник

Појадок: 2 парчиња интегрален леб со нискомаслено сирење или урда. Чаша зелен чај или кафе без шеќер.

Ручек: 150 гр. телешко филе, зелена салата и домати. За ужинка овошје по избор (најдобро јаболко или цитрус)

Вечера: Супа од зеленчук, 150-200 гр. рибно филе на скара и 1 чаша јогурт.

 

Вторник

Појадок: Свежо цеден сок од портокал и 2 парчиња интегрален леб со мед

Ручек: Пилешко филе, гарнирано со спанаќ. Микс свежо овошје за десерт.

Вечера: Салата од повеќе видови на зеленчук.

 

Среда

Појадок: 2 парчиња интегрален леб со немасна урда. 1 чаша млака вода со лимон

Ручек: Ориз со зеленчук, овошје по избор

Вечера: Омлет со свеж зеленчук, 1 чаша јогурт

 

Четврток

Појадок: Свежо цеден сок од портокал и 1 чаша јогурт

Ручек: Пилешко филе на скара, салата од домати и краставици. Овошна салата за десерт.

Вечера: Зеленчук на пареа и свежо овошје за десерт.

food pyramid pie chart on plate with cutlery

Петок

Појадок: 2 парчиња интегрален леб и чаша зелен чај.

Ручек: Мисиркино филе на скара, зелена салата.

Вечера: Рибино филе на скара, салата од зелка и моркови.

 

Сабота

Појадок: 2 парчиња интегрален леб, намачкани со мед.

Ручек: Телешко филе, гарнирано со зеленчук на пареа.

Вечера: Зелена салата и јогурт со мед за десерт.

 

Недела

Појадок: 2 парчиња интегрален леб, чаша сок од портокал.

Ручек: Пилешко филе со зеленчук на скара.

Вечера: Рибино филе на скара, гарнирано со аспарагус. Свежо овошје за десерт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП