7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот извоз забележа најголем раст од март 2019-та година

Кинескиот извоз забележа најголем раст од март 2019-та година

Кинескиот извоз се зголеми трет месец по ред во август, засенувајќи го континуираниот пад на увозот откако повеќето трговски партнери во земјата ги олеснија блокадите заради коронавирусот. Ова, пак, даде дополнителен поттик за закрепнување на втората по големина економија во светот, пренесува „Reuters“.

Извозот во август се зголемил за солидни 9,5%, според царинските службеници во земјата. Ова е најголем раст од март 2019-та година. Покрај тоа, податоците ги надминаа очекувањата на аналитичарите за раст од 7,1%, како и пријавениот пораст од 7,2% за јули.

Сепак, увозот се намалил за 2,1% со прогнозата за раст од 0,1%. Ова го одржува трендот од јули, кога имаше пад од 1,4 проценти.

Силниот извоз сугерира побрзо и порамномерено закрепнување на кинеската економија, која се опоравува од рекордниот пад за вториот квартал благодарение на мерките за домашно стимулирање.

„Кинескиот извоз продолжува да биде спротивен на очекувањата и расте значително побрзо од светската трговија, добивајќи глобален удел на пазарот“, рече Луис Квис од „Oxford Economics“.

Истражување за производството минатата недела покажа дека во август, кинеските фабрики објавија прво зголемување на новите извозни нарачки за оваа година, додека побарувачката од странство полека заживеа. Растот на бизнисот доведе и до понатамошно ширење на производството, обележувајќи го најголемиот раст во скоро една деценија.

Извозните перформанси на Кина, поткрепени со рекордна продажба на медицинска опрема и голема побарувачка за електроника, не беа погодени толку од глобалното забавување од што стравуваа некои аналитичари.

Во исто време, аналитичарите предупредија дека посилниот извоз делумно ги одразува главните ефекти на слабоста пред една година.

Кина минатиот месец објави трговски суфицит од 58,93 милијарди долари, во споредба со прогнозата од 50,50 милијарди и 62,33 милијарди долари во јули.

Прогнозата е сè уште далеку од „розова“, бидејќи надворешната побарувачка може да претрпи ако мерките за контрола на коронавирусот повторно се заострат од трговските партнери подоцна во оваа година.

Во исто време, Кина се обидува да ја намали зависноста од странските пазари за нејзиниот развој, бидејќи непријателството со САД и пандемијата ги зголемуваат надворешните ризици што можат да го попречат долгорочниот напредок.

Тензиите меѓу САД и Кина се очекува да ескалираат пред претседателските избори во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП