19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Dacia“ ги претстави новите „Sandero“ и „Logan“ (ФОТО)

„Dacia“ ги претстави новите „Sandero“ и „Logan“ (ФОТО)

„Dacia“ ги објави фотографиите од третата генерација на моделите „Sandero“, „Sandero Stepway“ и „Logan“.

Првите фотографии од трите нискобуџетни модели откриваат еволутивен, но и модернизиран дизајн на надворешноста, додека изгледот на внатрешноста уште некое време ќе биде сокриен од очите на јавноста.

„Dacia“ од генерација во генерација го подобрува дизајнот на своите модели, па така е и со овие, најновите верзии „Sanderо“, „Sanderо Stepway“ и „Logan“.

Предниот дел стилски се надоврзува на се уште актуелните модели, но се модернизирани пред се фаровите во кои се интегрирани „LED“ дневни светла во форма на буквата „Y“.

На сличен начин е подобрен и дизајнот на задниот дел од возилото.

Па така, „Dacia“ успеа да го задржи препознатливиот изглед, со значителна доза на модернизација.

Сепак, уште поголеми промени не очекуваат на полето на механиката, со оглед дека новите генерации на „Sandero“, „Sandero Stepway“ и „Logan“ се базирани на „CMF-B“ механичката плаформа која се користи за современите модели на матичната компанија „Renault“, како што се новите „Clio“ и „Captur“.

Повеќе детали за новата генерација на трите клучни модели од брендот „Dacia“ ќе бидат познати на 29-ти септември за кога е закажана официјалната премиера на овие автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП