24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJeep Grand Wagoneer – луксуз на американски начин (ФОТО/ВИДЕО)

Jeep Grand Wagoneer – луксуз на американски начин (ФОТО/ВИДЕО)

Долгонајавуваниот „Jeep (Grand) Wagoneer“ пристигна! Иако, засега само во форма на концепт, но тоа е првиот чекор кон продукциски верзии на моделите „Wagoneer“ и „Grand Wagoneer“ чие производство ќе започне во 2021-ва година, а кои се чини дека ќе бидат во самиот врв од понудата на брендот „Jeep“.

Концептот „Grand Wagoneer“, кој „Jeep“ го претстави пред јавноста има „plug-in“ хибриден погон и е натоварен со модерни технологии, додека пространата кабина е обвиена со луксуз.

Посебен куриозитет за ова возило е тоа што патниците имаат сопствени мултимедијални системи, со екрани чувствителни на допир кои се наоѓаат пред нивните седишта.

Оние кои седат позади, на располагање имаат екрани со дијагонала од 10,25 инчи, поставени на потпирачите од предните седишта.

Од друга страна, совозачот на располагање има сопствен голем дисплеј кој е вклопен во десниот дел од таблата за команди и кој има заштита за приватност, па така возачот од својата позиција не може да види што има на екранот.

На тој начин, тој нема да биде деконцентриран за време на возењето, туку ќе може да се фокусира на управувањето на автомобилот и на патот пред себе.

Но, ниту на возачот нема да му недостасуваат дигиталните екрани.

Пред него има 12,3 дигитална инструмент табла, додека на врвот на централната конзола се наоѓа 12,1 инчен дисплеј.

Но тука не е крајот на дигиталните екрани, со оглед дека командите за 4-зонската климатизација и вентилација се сместени на два екрани, еден се наоѓа напред, за потребите на возачот и совозачот, додека другиот е позади за оние кои седат на задните седишта.

Тоа значи дека „Jeep Grand Wagoneer“ има повеќе екрани дури и од новиот „Mercedes S Сlasѕ“, на кого му замеруваат дека има премногу дигитални екрани во кабината.

Премиум атмосферата е обезбедена од врвниот аудио систем од компанијата „McIntosh“ со 23 звучници.

Кога станува збор за дизајнот, концептот „Grand Wagoneer“ има препознатлив преден дел со карактеристична маска на ладилникот по која се пропознатливи сите „Jeep“ автомобили.

Традиционално обликуван со модерни детали во вид на „LED“ светла, големиот „SUV“ претставува впечатлива појава на патот.

За тоа исто така допринесуваат и масивните алуминиумски бандажи од дури 24 инчи!

„Jeep“ соопшти дека „Grand Wagoneer Concept“ има „plug-in“ хибриден погон (PHEV), но не откри повеќе детали за него.

Меѓутоа, ако се знае дека продукцискиот модел би требало да биде поставен на истата механичка платформа која ја користи „Ram 1500“, би требало да се очекува индентичен или сличен „PHEV“ систем кој се наоѓа во тој камионет.

„Jeep“ најави дека идните продукциски „Grand Wagoneer“ и „Wagoneer“ ќе може да се нарачаат со дури три верзии на погонот „4×4“ и дека ќе бидат опремени со „Quadra-Lift“ системот за воздушна суспензија.

Двата модели ќе се изработуваат во „FCA“ фабриката во Детроит, а стартот на производството е планиран за вториот квартал од 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП