25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛидерство: Што велат исклучителните луѓе секој ден?

Лидерство: Што велат исклучителните луѓе секој ден?

Само со малку работи можете себе си да се издвоите од просечните (под услов да имате таква желба во животот). Да се издвоите значи да направите другите со вас да се чувствуваат посебно, па така и вие ќе се чувствувате.

Пробајте со мали зборови да „купите влезница“ за светот на исклучителните луѓе. На колегите, семејството, пријателите и на секого кого го сакате, секогаш подарете му вредни зборови…

Еве што мислам јас… 

Ако сте надреден, тоа не значи и дека сте најпаметен, најискусен и нај во секој поглед. Своите одлуки, размислувања и ставови образложете ги со факти, а не со својата моќ. Можеби сте во право бидејќи сте авторитет, но правата на соработка прават секој да е во право.

Јас погрешив!

Не се плашете од тоа дека ќе го изгубите угледот со ваква изјава. Напротив, ќе го заслужите. И не само угледот, туку и довербата.

Тоа е одлично!

Фалете ги, фалете ги и само фалете ги добрите постапки, добрите одлуки, добрите проекти, добрите идеи. Пофалбата ништо не го чини оној кој фали, но кон оној кој е упатена е непроценлива. Тоа секогаш имајте го на ум. Ќе видите колку луѓето ќе ве сакаат. И оние кои ги фалите, и оние кои сведочат за тоа.

Благодарам!

Секогаш искрено заблагодарете се на комплиментите, за работата која друг ја направил за вас, на услугата. И кога вас други ќе ви се заблагодарат, секако дека треба да искажете задоволство бидејќи сте биле од корист и на друг сте му направиле добра работа. Додека се заблагодарувате за било што, гледајте ги луѓето во очи.

Можеш ли да ми помогнеш?

На секого, секојдневно му е потребна помош. Било каква. Не се срамете и не дозволувајте да ве „изеде“ суетата и да ве блокира кога ќе треба да побарате помош. Релаксирано и искрено прашајте: „Можеш ли да ми помогнеш?“ и ќе добиете помош. Внимателно слушајте, покажете малку ранливост и почит, а тоа се одликите на големите лидери. Ова се и одлики на големите пријатели.

Жал ми е…

Сите грешиме. Правиме погрешни избори, правиме погрешни работи, кажуваме нешто што не треба. Секогаш извинете се. Извинете се, но не ја префрлајте вината на друг со изјавата дека, се чувствувата лошо и дека ви е жал, а другите направиле тоа и тоа. Кажете дека ви е жал и превземете ја вината на себе. Ни помалку ни повеќе. Ова е единствена можност, со другите луѓе да почнете од почеток.

Можеш ли да ми покажеш…?

Знаењето е вечно. Ќе учите до крајот на животот. Ако нешто не знаете, прашајте да ви покажат, да ве научат. Со тоа на другите им укажувате доверба, им велите дека се важни и вредни. Само така, сите ќе добиете.

Дозволете ми да ви помогнам…

Гледате дека на другите им е потребна помош а вие знаете како да помогнете. Не им приоѓајте со зборовите: „Можам ли некако да ти помогнам?“, туку јасно кажете: „Дозволи ми да ти помогнам!“. Засукајте ги ракавите и помогнете.

Те сакам

Кажете го тоа кон кого и да го чувствувате, но надвор од канцеларијата, не на работа. Кога ќе го осетите тоа. Секаде.

Ништо

Некогаш овој збор излегол од рајот. Особено со колегите во моментите на растројство поради стресната работа или нечии грешки. Лутината, вознемиреноста или фрустрациите се состојби кои треба да ги решавате. Тогаш подобро кажете: „Ништо…“, отколку некого да повредите. Изговорени во афект, некои зборови е тешко да ги избришете од сеќавањата. Можат да направат непоправлива штета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП