3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е новиот „Peugeot 5008“ (ФОТО)

Ова е новиот „Peugeot 5008“ (ФОТО)

„Peugeot“ го претстави својот редизајниран автомобил „5008“.

Францускиот производител овој автомобил на пазарот ќе го пласира веќе во 2021-ва година, а како што може да се види од фотографиите, тој на изглед е многу сличен на неодамна прикажаниот „Peugeot 3008“.

Како што велат последните информации, верзијата „Peugeot 5008“ која ќе има погон на сите четири тркала е наменета за купувачите во Европа, а во понудата ќе биде бензински трицилиндарски 1,2-литарски мотор, како и бензински 1,6-литарски четирицилиндарски мотор.

Што се однесува до дизел верзиите, тука се две четирицилиндарски верзии со 1,5-литарски и 2,0-литрарски мотор.

Подобро опремените модели имаат „full LED“ светла. Моделите „GT“ и „GT Pack“ се разликуваат од останатите по посебниот дизајн на решетката на ладилникот, но и по новиот сет 19-инчни бандажи во случајот на „GT Pack“ моделот.

Изборно за двата модели е достапен „Black Pack“ пакетот на опрема кој има потемни украсни во ентериерот.

Кога станува збор за технологијата, обновениот „5008“ има се, од адаптивен темпомат со „stop&go“ функција, преку „vision“ системот, па до безбедносни системи кои вклучуваат автоматско сопирање во итни ситуации, систем за препознавање на сообраќајните знаци, систем за одржување на позицијата во лентата и слично.

„Peugeot 5008“ e опремен и со „Focal sound“ системот од 515W, како и дводелен панорамски покрив, како и „handsfree“ систем за отворање на вратата на багажникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП