18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот долг расте со молскавична брзина, минусот најголем од 1945-та

Американскиот долг расте со молскавична брзина, минусот најголем од 1945-та

Буџетскиот дефицит на Соединетите Држави ќе достигне 16% од бруто домашниот производ (БДП) оваа година поради кризата со коронавирусот, најмногу од Втората светска војна, објави независниот институт „CBO“ во најновите проекции.

Буџетскиот дефицит во 2020-та година ќе достигне 3.300 милијарди долари, што значи дека ќе биде повеќе од трипати поголем од 2019-та година, според проекциите на „CBO“, независен институт каде работат поранешни претставници на централната банка, Министерството за финансии и Конгресот.

Зголемувањето на дефицитот најмногу се припишува на забавувањето на економската активност и мерките за затворање во услови на пандемија, како и зголемените државни трошоци поврзани со ублажување на кризата и борба против заразата.

За 2021-ва година, „CBO“ предвидува буџетски дефицит од 8,6 проценти од БДП-то. Од 1946-та до 2019-та година, дефицитот измерен со учеството во БДП-то бил само двапати над тоа ниво, според „CBO“.

Во 2030-та година, тој треба да изнесува 5,3 проценти од БДП-то, со тоа што секоја година дотогаш е поголема од 50-годишниот просек од три проценти.

Јавениот долг изнесува 98 проценти од БДП-то

Поради дефицитот, јавниот долг ќе скокне на 98 проценти од БДП-то во оваа година, од 78 проценти на крајот на 2019-та година, покажуваат проекциите на „CBO“.

Тие потсетуваат дека на крајот на 2007 година, непосредно пред избувнувањето на последната голема економска криза, тој изнесуваше само 35% од БДП-то.

Следната година, според проекциите на „CBO“, долгот треба да ја надмине вредноста на БДП-то и да достигне 107 проценти од БДП-то до 2023-та година, што би било највисоко во историјата на Соединетите држави.

Претходниот рекорд беше поставен во 1946-та година како резултат на големиот дефицит забележан за време на Втората светска војна, се вели во извештајот.

До 2030-та година, долгот ќе порасне на 109 проценти од БДП-то, според најновите проекции на „CBO“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП